ЕВРОПА ИМА КЕРОЗИН ЗА ШЕСТ НЕДЕЛИ Ако снабдувањето остане блокирано ќе има откажување на летови

Првиот човек на Меѓународната агенција за енергија проценува дека најсилен притисок има во земјите од  Азија, кои во голема мера се потпираат на извори на енергија од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Кина, Пакистан и Бангладеш.

87

Европа има „можеби уште шест недели гориво за авиони“, изјави денес Фатих Бирол, директор на Меѓународната агенција за енергија (МАЕ) и предупреди за можни откажувања на летови доколку снабдувањето со нафта е сè уште блокирано поради војната во Иран.

Во интервју за Асошиејтед Прес (АП), Бирол рече дека светот моментално е во „најголемата енергетска криза досега“ поради блокадата на Ормускиот теснец.

Тој рече дека сегашната ситуација ќе има „големи импликации за глобалната економија“.

– Колку подолго трае, толку покатастрофална ќе биде за економскиот раст и инфлацијата во светот. Енергетската криза првенствено ќе влијае на „повисоките цени на горивото, гасот и електричната енергија, а некои делови од светот ќе бидат погодени повеќе од другите – рече Бирол.

Бирол процени дека најсилен притисок има во земјите од  Азија, кои во голема мера се потпираат на извори на енергија од Блискиот Исток, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Кина, Пакистан и Бангладеш.

Доколку Ормутскиот теснец не се отвори, тој рече дека наскоро, во Европа, би можело да се слушне вест дека некои летови се откажани поради недостаток на гориво.

Поврзани содржини