НЕМА ПРОБЛЕМ СО ВОЗАЧКИТЕ Имаме залихи за 3 години, тврдат од МВР

Од Министерството велат дека документите се изработуваат за неколку дена и нема застој во постапката.

106

Министерство за внатрешни работи ги демантираше информациите дека има недостиг од обрасци за возачки дозволи, нагласувајќи дека залихите се доволни за наредните три години.

Од МВР соопштија дека објавите на социјалните мрежи за наводен недостиг не се точни и дека процесот на издавање на документите се одвива без застој. Според институцијата, граѓаните можат да добијат термин за фотографирање во рок од еден ден, додека возачките дозволи се изработуваат за неколку дена, пред законски предвидениот рок.

Од ресорното министерство апелираат да не се шират дезинформации, бидејќи, како што наведуваат, тие создаваат непотребна забуна кај граѓаните.

Поврзани содржини