🎥 И НИМ НЕ ИМ Е ЛЕСНО… Роберт Патинсон се потсети на најнепријатниот костим во кариерата: „Имав само цевка во задникот“

За време на играта Lie v. Lie (Лага против Лага) на „Ентертејнмент Викли“ со својата колешка Зендаја, Роберт Патисон се обиде да ја збуни својата колешка за „најнепријатниот костим“ што морал да го носи за улога. И ова не беше лага

79

39-годишниот актер Роберт Патинсон одиграл многу улоги во својот живот, но не биле сите баш одиграни во најудобна облека.

За време на играта Lie v. Lie (Лага против Лага) на „Ентертејнмент Викли“ со својата колешка Зендаја, Патисон се обиде да ја збуни својата колешка за „најнепријатниот костим“ што морал да го носи за улога.






– Еднаш снимав филм каде што единственото нешто што го носев беше нешто како цевка во задникот – рече тој, а Зендаја мислеше дека е лага.

Патисон потоа потврди дека тоа е вистина и ѝ рече на својата колешка од нивниот нов филм „The Drama“ да се обиде да „носи внатрешен костим“.

Тој потврди дека „трогателното“ искуство било на снимањето на неговиот филм со режисерот Бонг Џун Хо, Mickey 17. Тој призна дека цевката била „премногу свиткана и премногу мала“ за да се вметне.

Овој реквизит го спомена и во интервју за „Ју-ес Тудеј“ во март 2025 година, кога изјави дека се чувствувал како „експериментално глувче“, особено за време на снимањето на сцените кои вклучуваат хибриден МРИ-принтер, важен за дејството на филмот.

Присетувајќи се на снимањето, Патинсон наведе дека еден актер имал задача да постави челични валјаци врз него.

„Рекоа: ’Во ред, сакаме да снимиме крупен кадар каде што му ја ставаш цевката во задникот на Роб‘. Типот изгледаше како да му е прилично непријатно додека го правеше тоа. Јас некако седев таму и му велев: ’Во ред е, човеку, само набиј ја внатре‘. Тоа беше вистинско искуство за обликување на ликот“, се присети актерот.

емата за снимање непријатни сцени повторно беше актуализирана неделава, а за слично искуство зборуваше и Џон Хам. Тој беше прашан за снимањето сцени со гол задник во втората сезона на серијата „Your Friends & Neighbors“. Гостувајќи на радио кај Енди, Хам зборуваше за сцената во која неговиот задник е откриен во првите шест и пол минути од сезоната.

Поврзани содржини