КОЈА ОД СЛАВНИТЕ СЕСТРИ ЌЕ СТАСА ПРВА ДО ЦЕЛТА? Кајли Џенер е љубоморна на Кендал и се плаши дека прва ќе добие свршенички прстен

Кајли сака да се сврши со актерот со кого е во врска од 2023 година, но тој сè уште не е подготвен за таков чекор. Во меѓувреме, романсата на Кендал со Елорди наводно се развива многу побрзо, што предизвикува љубомора кај нејзината сестра, тврдат извори за „Пејџ сикс“.

5

Кајли Џенер (29) наводно му врши притисок на Тимоти Шаламе (30) да ја запроси, откако врската на нејзината постара сестра со актерот Џејкоб Елорди станала сè посериозна. Според медиумските извештаи, Кајли сака да направи следен чекор со партнерот со кого е од 2023 година, но тој сè уште не е подготвен за брак.

Иако Кајли и Тимоти се заедно повеќе од три години, луѓето од нивното опкружување наводно сметаат дека Кендал (31) и Џејкоб (29) би можеле први да застанат пред олтарот. Токму таа можност предизвикувала љубомора и фрустрација кај помладата сестра Џенер, тврди извор за „Пејџ сикс“.






– Кајли е подготвена за свршувачка и јасно му ставила до знаење на Тимоти дека во нивната заедничка иднина гледа и брак – открил изворот. Според него, таа не му поставувала ултиматуми ниту директно барала прстен, но јасно ги искажувала своите желби и се надевала дека актерот наскоро ќе го направи следниот чекор.

Сепак, Тимоти наводно не е на истата бранова должина. Изворот тврди дека актерот ја сака Кајли и е посветен на нивната врска, но сè уште не се чувствува подготвен за брак. Доколку наскоро ја запроси, постои стравување дека тоа би го направил повеќе поради притисокот отколку затоа што самиот е подготвен за таква одлука.

Сосема поинаква е, наводно, ситуацијата кај Кендал и Џејкоб. Актерот од „Еуфорија“ и „Франкенштајн“ ѝ бил целосно посветен на манекенката и верува дека ја нашол вистинската жена. Нивната врска се развива побрзо и сè посериозно разговараат за заедничката иднина.

Интересно е што Кајли била меѓу оние кои ја охрабриле Кендал да му даде шанса на Елорди. Но, откако нивната романса станала посериозна, ситуацијата добила неочекуван пресврт. Според извештаите, Кајли дури му поставила рок на Шаламе до крајот на годината за да ја запроси.

Кајли и Тимоти првпат беа поврзани во април 2023 година, а во изминатиот период сè почесто се појавуваат заедно на јавни настани. Актерот во јануари јавно ѝ се заблагодари на Кајли при примањето на наградата „Избор на критичарите“, нарекувајќи ја своја партнерка и зборувајќи за темелите што ги изградиле заедно.

Кендал, од друга страна, досега не била во брак, а нејзината врска со Елорди е релативно нова. Иако ниту една од сестрите не ги коментирала наводните љубомора и ривалство, приказната за тоа која прва ќе добие свршенички прстен веќе привлече големо внимание во американските медиуми.

Поврзани содржини