АРМИЈАТА ВРАБОТУВА УШТЕ 300 ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ Министерството за одбрана објави оглас
Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност.
Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.
Кандидатите треба да исполнуваат општи услови – да се да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност, како и посебниуслови – да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Во огласот се наведени и останати детали, а тој е објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана. Јавниот оглас трае 15 дена вклучувајќи го и денот на објавување.
Министерството ги повикува сите млади и заинтересирани граѓани да ја искористат оваа можност, да работат во служба на татковината и да бидат дел од Армијата која нуди стабилна и сигурна кариера, континуирана обука и личен развој, развој на тимски вештини и вистински вредности.
Огласот може да се прочита на следниот ЛИНК.