СЕ БАРА ИДЕЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНАТА ЗОНА АРМ БИТОЛА Општината распиша конкурс за урбанистичко-архитектонско решение
Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно пејсажно решение, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој, соопшти Општина Битола.
Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко-архитектонско решение за спортско рекреативната зона АРМ Битола.
„Основна цел на конкурсот е да се добие квалитетно урбанистичко-архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки, образовен и културен развој“, соопшти Општина Битола.
Како специфичи цели на конкурсот се наведени: да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и со природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот развој на градот во просторна и програмска смисла; оптимално да се искористи локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини; да има „зелен и паметен“ пристап во проектирањето; да има етапност во изведувањето (почнувајќи од садење вегетација и поставување неопходна инфрастрктра, особено обрнувајќи внимание на одводнување на атмосферските води); економичност, изводливост и одржливост на предложеното решение.
Право на учество на овој конкурс има секое заинтересирано правно или физичко лице, поединци или тим соработици, кои ги поседуваат стручните класификации согласно условите на конкурсот.
Крајниот рок за доставување на конкурсниот труд е 15.5.2026 година до 12 часот. За трудовите пратени по пошта важи времето од поштенскиот печат. Крајниот рок за објавување на резултатите од конкурсот е во рок од 10 дена од денот на завршување.
Повеќе информации има на следниот линк: