СИТЕН ДОЖД И РЕТКИ ГРМЕЖИ, ОДВРЕМЕ НАВРЕМЕ И СОНЦЕ Следуваат денови со променливо облачно време
Ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег, најави УХМР.
Времето утре ќе биде променливо облачно, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец, а во источните од северен правец.

Фото: УХМР
Најстудено утрото ќе биде во Маврово, со минимална температура до минус 3. Најтопло ќе биде во Гевгелија со дневна температура до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 3 до 12 степени.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет.
Нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда.
Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
