ЖРТВАТА НА ГРУПНО СИЛУВАЊЕ, НОЕЛИЈА КАСТИЉО ДОБРОВОЛНО УМРЕ Адвокатка тврди дека лекарите побрзале со евтаназијата
Случајот предизвика силни реакции од јавноста, а уште посилни се откако се појави сомнеж за можен притисок од здравствените институции во врска со нејзината евтаназија и потенцијално донирање на нејзините органи.
Врз 25-годишната Ноелија Кастиљо Рамос од Барселона, Шпанија вчера попладне во 18 часот беше извршена евтаназија.
Случајот предизвика силни реакции од јавноста, а уште посилни се откако се појави сомнеж за можен притисок од здравствените институции во врска со нејзината евтаназија и потенцијално донирање на нејзините органи.
Претседателката на организацијата „Христијански адвокати“ Полонија Кастељанос изјави дека болницата вршела притисок да се спроведе постапката за евтаназија бидејќи, како што тврди таа, „органите веќе биле резервирани за донација“.
Според неа, кога во август 2024 година ги добиле првите судски мерки со кои привремено се запира постапката за евтаназија, болницата ѝ кажала на мајката на починатата Ноелија Кастиљо дека одложувањето не е можно поради ситуацијата околу донацијата на органите.
The attorney for Noelia Castillo Ramos says she was not allowed to cancel her euthanasia because “her organs had been committed to other patients.”
Spain imported this girls r*pists, let them go free, then contractually obligated her to be euthanized. pic.twitter.com/9xeIY32S9X
— Wall Street Mav (@WallStreetMav) March 26, 2026
– Мајката на Ноелија ни кажа дека болницата ѝ рекла: „Не можете да го направите тоа бидејќи органите се веќе подготвени“. Токму оваа информација влијаела врз мајката да ја натера нејзината ќерка Ноелија да потпише дека не сака да ги донира органите – рече Кастељанос во изјава за медиумите.
Трагична животна приказна
Ноелија Кастиљо Рамос останала инвалид по обидот за самоубиство во 2022 година, кога скокнала од 5 кат, но преживеала. На тој чин му претходел трауматски настан – таа била жртва на групно силување од нејзиното поранешно момче и тројца нелегални мигранти. Ја силувале во центарот за малолетници, каде што била под старателство на државата.
Таа била сместена во тој центар од 13-годишна вораст, откако социјалните работници ја одзеле од нејзините родители поради мали развојни пречки и нивниот развод.
Од траумата на силувањето и тешките телесни повреди по обидот да си го одземе животот, Ноелија добила и нарушено ментално здравје и страдала од депресија.
Нејзиниот случај покрена неочекувана бура во јавноста во Шпанија. Луѓето се шокирани од нејзината судбина, но и од нејзината одлука доброволно да умре бидејќи, како што рече самата во интервју за Антена 3, „не може да ја поднесе болката“. Поради сите трагични и трауматски ситуации, таа беше депресивна со години. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија информации дека дури и се двоумела во последните моменти, и дека на крајот „се чувствувала како да нема избор“ и дека починала „сама и исплашена“.
Прашањето за донирање органи
Организацијата што го претставува таткото на починатата Шпанка тврди дека одлуката за прифаќање на евтаназијата не е донесена без надворешно влијание.
„Ноелија размислувала за евтаназија, а во болницата ѝ било кажано дека има „повеќе луѓе кои можат да бидат спасени од нејзините органи“. Нејзината мајка била присутна за време на тој разговор и се спротивставила на донацијата на органите“, пишува весникот „Деречадарио“.
Дополнителна загриженост предизвикаа тврдењата за составот на комисијата што учествувала во одобрувањето на евтаназијата.
Адвокатката Кастељанос изјави дека меѓу членовите на комисијата имало лица поврзани со организации поврзани со системот за трансплантација, но и со здруженија кои се залагаат за правото на достоинствена смрт.
– Иако донаторот и примателот на органи немаат финансиска корист, лекарите, медицинскиот персонал и болниците што учествуваат во процесот имаат – рече адвокатката.
Best friend BARRED from seeing Noelia Castillo before euthanasia
‘I wanted to try to convince her to change her mind’ — Noelia’s friend Carla Rodríguez told Ok Diario
Noelia was kept in isolation during the final hour of her life, as required by the agreement https://t.co/7gvuuurJCE pic.twitter.com/P40bIk3Vzq
— RT (@RT_com) March 26, 2026
Таа посочи дека присуството во комисијата за евтаназија на членови поврзани со организации како што е Здружението за право на достоинствена смрт ја доведува во прашање непристрасноста на целиот процес.
– Очигледно е дека во овој случај има голем број неправилности – нагласи таа.
На социјалните мрежи се споделува видео кое прикажува како нејзини пријатели вчера се обидуваат да ја посетат Ноелија во болницата, во обид да ја натераат да се предомисли и да не подлежи на евтаназија, но персоналот не им дозволува.
На социјалните мрежи се појавија и досега необјавени фотографии и снимки што покажуваат дека Ноелија Кастиљо не е параплегична како што тврдат медиумите. Таа има подвижноста во горниот дел од телото, може да извршува основни задачи, па може и да оди со помош.
Во реакциите има мислења дека Ноелија Кастиљо не е клинички случај, туку е симптом на општество кое ја избрало стерилната погодност на асистирано самоубиство пред тешката работа на вистинска човечка грижа.
❗️⚠️🇪🇸 – The Spanish state is about to kill a 25-year-old woman.
Unreleased images and footage show Noelia Castillo’s father encouraging her to live, demonstrating that she is not paraplegic as media outlets claim. She retains mobility in her upper body, can perform basic tasks,… pic.twitter.com/yxhN7CMsqW
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) March 26, 2026
Ноелија пораснала во тешки околности, живеела во системот за социјална заштита и токму во овој контекст претрпела насилство што трајно го обележало нејзиниот живот.
Долга правна битка за евтаназијата
Нејзиното барање за евтаназија беше одобрено во јули 2024 година од властите во Каталонија, но постапката беше постојано одложувана поради жалбите поднесени од нејзиниот татко, со поддршка на конзервативната организација „Христијански адвокати“.
Сите обиди за оспорување на одлуката беа одбиени на неколку инстанци, вклучувајќи го и Уставниот и Врховниот суд на Шпанија. Неодамна и барањето испратено до Европскиот суд за човекови права беше одбиено, со што се отстранија и последните законски пречки за спроведување на постапката.

Ноелија Кастиљо јавно зборуваше за причините за нејзината одлука во неколку наврати, истакнувајќи го нејзиното долгогодишно страдање и здравствените проблеми.
– Сакам да си заминам сега и да престанам да страдам, тоа е сè. Никој во моето семејство не е за евтаназија, но што е со целата болка низ која поминав? – рекла таа, пренесува „Дејли мејл“.
„Немам желба за ништо“
Според неа, нејзиниот секојдневен живот е исклучително тежок.
– Немам желба за ништо, ниту да излегувам, ниту да јадам. Имам проблеми со спиењето, имам болки во грбот и нозете – вели девојката.
Во интервју за телевизијата Антена 3, таа опиша и како би сакала да ги помине последните моменти.
– Реков како сакам да изгледа тој момент. Сакам да си заминам облечена во најубавата облека, со шминка – едноставно, но убаво – вели Кастиљо.
Таа изјави дека сака однапред да се збогува со своето семејство, но да биде сама за време на постапката.
Нејзиниот татко за време на судската постапка тврдел дека таа има ментални проблеми што можат да влијаат на нејзината способност да донесува одлуки, како и дека нејзината состојба не претставува „неподносливо страдање“ во смисла на законот за евтаназија.