СО ПОПУСТИ И СО ПОДАРОЦИ DM ЈА ОТВОРИ НОВАТА ПРОДАВНИЦА ВО КИСЕЛА ВОДА Донација од команијата за училиштето „Св. Наум Охридски“

Во периодот од 26 до 28 март купувачите во оваа dm продавница можат да пазаруваат со попуст од 15 отсто на апсолутно сè.

59

Со попуст од 15 отсто на апсолутно сè, подароци и со забавна атмосфера, dm drogerie markt  вчера (26 март) ја отвори својата нова продавница во K Retail во Општина Кисела Вода, на улицата Христо Татарчев бр. 47 В во Скопје.

На денот на отворањето, купувачите беа пречекани во весела атмосфера со ди-џеј и забава за децата, а dm и овој пат го одбележа својот нов деловен успех на општествено одговорен начин. Така, дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран на ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, во износ од 124.076 денари.






Сите купувачи на денот на отворањето можеа да уживаат и во дополнителни изненадувања. Со секоја сметка над 499 денари следуваше подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 699 денари подарок торба, додека со сметка над 1.999 денари следуваше подарок чадор. Подароците беа достапни само на 26 март, до истекот на залихите.

Освен наведените поволности, во периодот од 26 до 28 март купувачите во оваа dm продавница можат да пазаруваат со попуст од 15 отсто на апсолутно сè.

Во новата продавница, купувачите можат да најдат речиси 13.500 производи од богатата понуда на dm, во која има сè на едно место – производи за нега и убавина, за нега на мажи и на бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и за нега на алишта. Богатата и разновидна понуда овозможува практично пазарување, додека повеќе од 3.000 производи се дел од сопствените трговски марки на dm, препознатливи по својот германски квалитет и секогаш поволни цени. Меѓу нив се Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други, а dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.

Од dm велат дека се особено среќни што со секоја нова локација се сè поблиску до своите купувачи. Со својата богата понуда на производи се стремат да одговорат на нивните желби и потреби, продолжувајќи ја својата експанзија на локалниот пазар.

Фото: ДМ
Поврзани содржини