КИНА КУПУВА 101 АВИОН ОД ЕРБАС Договорот е вреден близу 16 милијарди долари

Авионите треба да биде испорачани во периодот од 2028 до 2032 година, а распоредот на испорака може да се прилагоди според околностите и со согласност на двете страни.

59

Кинеската авиокомпанија „Чајна Истерн Ерлајнс“ (China Eastern Airlines) соопшти дека потпишала договор вреден 15,8 милијарди долари за купување на 101 авион од европската компанија „Ербас“, објави француски Фигаро.

Нарачката вклучува неколку модели од истата серија – A320neo, A321neo и A321XLR – што укажува на фокусот на компанијата на модернизација и проширување на флотата на средни и долги релации.






Авионите треба да биде испорачани во периодот од 2028 до 2032 година, а распоредот на испорака може да се прилагоди според околностите и со согласност на двете страни.

„Чајна Истерн Ерлајнс“ со седиште во Шангај е една од трите најголеми авиокомпании во Кина и е во мнозинска сопственост на државата, што ја прави оваа нарачка значајна од стратешка гледна точка за кинескиот пазар.

Станува збор за финализирање на меморандумот за разбирање што „Ербас“ го потпиша за време на посетата на претседателот Емануел Макрон на Кина во декември лани.

Тоа вклучува купување на 120 авиони, претежно од серијата А320 за летови на долги релации.

Поврзани содржини