ЗА 21% ЌЕ ПОРАСНАТ ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ДО 2028 ГОДИНА Дурмиши го потпиша колективниот договор
Според договореното, платите на административните службеници во Министерството ќе се зголемуваат етапно во следните три години, и тоа 7% зголемување од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и уште 7% зголемување од 1 март 2028 година.
Независниот синдикат на државната администрација денеска соопшти со Министерството за економија и труд е потпишан нов Колективен договор со кој е планиран раст на платите на административните службеници во етапи со вкупното покачување кое ќе достигне 21% до 2028 година.
Според договореното, платите на административните службеници во Министерството ќе се зголемуваат етапно во следните три години, и тоа 7% зголемување од 1 март 2026 година, дополнителни 7% од 1 март 2027 година и уште 7% зголемување од 1 март 2028 година.
Од синдикатот истакнуваат дека е неопходна рамнотежа на платите меѓу јавниот и приватниот сектор и дека државата мора да создаде деловна клима што ќе му овозможи и на приватниот сектор да го следи трендот на раст.
– Силната економија се потпира на два столба: задоволен работник во приватниот сектор и ефикасен службеник во јавната администрација – наведуваат од синдикатот.
Покачувањето на платите, според нив, подразбира и зголемена одговорност кај службениците, при што фокусот во наредниот период ќе биде ставен на бескомпромисно спроведување на законите и подзаконските акти, професионализација на органите на управата и обезбедување администрација која е сервис, а не бариера за граѓаните и бизнисите.
Од синдикатот додаваат дека реформите ќе продолжат со цел создавање достоинствени услови за работниците и воспоставување ред и ефикасност во институциите.