ПОЖАР ВО ИДРИЗОВО СРЕДЕ НОЌ Гореше кровот на затворската амбуланта, нема повредени
Пожарот избувнал на кровот од амбулантата во затвореното одделение, а пожарникарите го изгаснале без да има повредени.
Во затворот КПУ Затвор Идризово доцна по полноќ избувнал пожар на кровот од објектот на затвореното одделение – амбуланта, потврдија од полицијата.
Како што информираа од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, настанот бил пријавен во СВР Скопје во 00:21 часот.
На местото веднаш интервенирала Бригада за противпожарна заштита Скопје, чии екипи успеале брзо да го локализираат и изгаснат пожарот.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.
По гаснењето бил извршен увид, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.