🎥 ШЕКИЛ О’НИЛ ГИ ПРОЧИТА ЛАСЦИВНИТЕ ПОРАКИ ЗА САБРИНА КЕРПЕНТЕР „Пред сѐ, дами, Дизел има многу повеќе стил од тоа“
Додека на Интернет кружат 18+ пораки што наводно, Шекил О'Нил ѝ ги испраќа на Сабрина Карпентер, тој во епизода од својот The Big Podcast, ги отфрли тврдењата, сугерирајќи дека ако навистина контактирал со пејачката, тоа ќе го сторел на посуптилен начин.
Кошаркарската легенда Шекил О’Нил се осврна на бизарните гласини што станаа вирални, а според кои, ѝ испраќал непристојни пораки на пејачката Сабрина Карпентер. Тврдењата циркулирале на Интернет и наводно вклучувале снимки од екранот со разговорите помеѓу НБА ѕвездата и 26-годишната пејачка.
Зборувајќи во епизода од неговиот подкаст „The Big Podcast“ на 20 март, 54-годишниот член од Куќата на славните одлучи да ја разјасни вистината. О’Нил ги отфрли тврдењата, сугерирајќи дека ако навистина контактирал со пејачката, тоа ќе го сторел на посуптилен начин.
– Пред сѐ, дами, Дизел има многу повеќе стил од тоа. Само велам – вели тој, користејќи го својот диџејски прекар.
За да ја илустрира апсурдноста на гласините, Шек гласно ја прочита содржината на лажните пораки што циркулираат онлајн. Според нив, наводно ѝ напишал на Карпентер:
– Проклетство, бејби, би ги чувал твоите прдежи во шишенце од парфем и би ги прскал врз себе секој ден. Само се шегувам, Шек е. Како се викаш, бејби?
А Сабрина одговара:
– Знам кој си. Премногу си славен за да пишуваш така – продолжи Шек.
Лажниот разговор ескалира со поексплицитна порака:
– Не можам без прчина да бидам напален и да ја сакам таа „снежна зајачица“. И онака не би можела да се справи со Големиот Дизел. Моето месо би те испратило во болница.
Шек се пошегува за срамните пораки, теоретизирајќи дека измамата веројатно ја измислиле „млади луѓе“ кои се сконцентрирани на „алгоритмот и желбата да станат вирални“.