ИРАН ГО РАЗГЛЕДУВА АМЕРИКАНСКИОТ ПЛАН АМА ТВРДИ ДЕКА НЕ ПРЕГОВАРА Трамп вели дека власта во Техеран се плаши од сопствениот народ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS).

281

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници не претставува директни преговори со САД.

Во изјава за државната телевизија, Арагчи појасни дека Техеран нема намера да води директен дијалог со Вашингтон. Тој дополнително се осврна на прашањето за стратешката Ормуска Теснина, нагласувајќи дека таа „ќе остане затворена, но само за непријателите“.






– Нема причина Иран да дозволи премин на пловила на непријателот и неговите сојузници – изјави Арагчи.

Тој подвлече дека иранската војска веќе обезбедила безбеден премин за бродовите на пријателските држави, со што ја потврди контролата на Техеран врз оваа клучна поморска рута за светската енергија.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека Иран сака да преговара за мировен договор, но дека иранските официјални претставници јавно го негираат тоа поради страв од реакцијата на сопствениот народ, пренесува Си-Би-Ес (CBS).

Говорејќи на вечера за републиканските членови на Конгресот, Трамп истакна дека Техеран, според неговите сознанија, всушност сака да постигне договор, но дека преговарачите се плашат тоа отворено да го признаат.

– Тие преговараат и толку многу сакаат да постигнат договор. Но, се плашат тоа да го кажат, бидејќи мислат дека ќе бидат убиени од сопствениот народ – изјави Трамп пред присутните конгресмени.

Поврзани содржини