ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН ПАДНА ОД БАЛКОН ВО СКОПЈЕ Повредите се сериозни, се утврдуваат околностите

Турски државјанин паднал од балкон во Карпош и се здобил со тешки повреди. Полицијата го расчистува случајот, додека причините за падот засега остануваат нејасни.

139

Млад странец паднал од балкон на зграда на подрачјето на Карпош, се вели во полицискиот билтен. Инцидентот се случил попладнето на 24 март. Засега не е познато дали станува збор за несреќа или постојат други околности.

К.А.Е. (19) од Република Турција се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му е укажана лекарска помош.






Полицијата извршила увид на местото. Засега не е познато дали станува збор за несреќа или постојат други околности што довеле до падот.

Поврзани содржини