ЌЕ ЗГАСНЕ РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Медиумот работи во Македонија од 2001 година
Заедно со македонскиот сервис, на 31 март ќе се затвори и Радио Машал на паштунски јазик, кој емитува програма во Авганистан и во Пакистан.
Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе престане со работа на 31 март 2026 година, објави светската мрежа на РСЕ на социјалните мрежи.
Заедно со македонскиот сервис, се затвора и Радио Машал на паштунски јазик, кој емитува програма во Авганистан и во Пакистан.
Двата сервиси ќе бидат затворени на 31 март годинава.
„Затворањето на овие два сервиса е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принуди да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме ресурсите. Длабока благодарност за работата на овие тимови“, изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.
Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година.
Инаку, РСЕ ги затвара подружниците низ светот откако минатата година американскиот претседател Доналд Трамп го укина финансирањето на медиумски проекти надвор од САД.