НАД 400 БЕНЗИНСКИ ПУМПИ ПРЕСТАНАЛЕ СО РАБОТА Филипини прогласи национална вонредна состојба

Земјата воведе четиридневна работна недела за државните служби за да заштеди гориво, а Маркос ги повика властите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и на гориво.

69

Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос Помладиот, денеска прогласи едногодишна национална енергетска вонредна состојба како одговор на ефектите од војната во Иран врз цените на нафтата.

– Растот на цените на нафтата ја загрозува енергетската безбедност на земјата – рече Маркос.






Декларацијата му овозможува на Министерството за енергетика да преземе мерки против нереалното зголемување на цените, военото профитерство и пазарната манипулација.

Вонредната состојба ќе трае една година, освен ако не биде укината или продолжена.

Владата најави продолжување на субвенциите за гориво за компаниите за јавен превоз кои ги опслужуваат патниците и соопшти дека ќе им помогне на земјоделците, рибарите и другите групи.

Увозот на нафта е запрен како резултат на блокадата на Ормускиот Теснец, а цените на горивата на бензинските пумпи се зголемија.

Филипините увезуваат 95 проценти од својата нафта. Ситуацијата дополнително се влоши со падот на пезосот на 60 за еден долар.

Според официјалните извештаи, повеќе од 400 бензински пумпи престанале со работа. Во тек се истраги за тоа дали тие ги кријат резервите на гориво со надеж за уште повисоки цени.

Земјата веќе воведе четиридневна работна недела за државните служби за да заштеди гориво, а Маркос ги повика властите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија и на гориво.

Поврзани содржини