📽️ УНИШТИЛЕ ВОЗИЛО СО ПАЛКИ, А ПОТОА ГО ЗАПАЛИЛЕ Брутален напад на навивачи во близина на Мостар
Маскирани напаѓачи со палки и факели нападнаа навивачи на автопат во Босна и Херцеговина. Полицијата води истрага за инцидентот.
Пет маскирани лица пресретнала возило и брутално го нападнала возачот во нападот кој утрово се случил на пат во Босна и Херцеговина.
Според информациите објавени во локалните медиуми, напаѓачите биле вооружени со палки и факели, со кои ги искршиле прозорците на возилото и фрлале пиротехнички средства кон него. По нападот, четворица избегале со едно возило, додека петтиот се оддалечил со друго.
Неофицијално, зад нападот стојат членови на навивачката група „Ултрас Мостар“, кои важат за поддржувачи на Зрињски, додека нападнатите биле навивачи на Вележ, познати како „Црвена армија“.
Според првичните информации, нема потешко повредени, но повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Napad na M17 pic.twitter.com/9PGIsGZRoN
— Bljesak.info (@Bljesak) March 24, 2026
Наводно, нападнатите навивачи биле на пат кон аеродромот во Сараево, од каде требало да заминат за Велс, каде што репрезентацијата на Босна и Херцеговина треба да игра плејоф натпревар за пласман на Светското првенство.
Полицијата веќе работи на расчистување на случајот, а се очекуваат повеќе информации по завршување на истрагата.