📷 📽️ ДРАМА ВО ПОЛТАВА И ЗАПОРОЖЈЕ Нов бран напади во Украина, има загинати и повредени

Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во руски напади врз Украина. Погодени се Полтава и Запорожје, со пожари и оштетени објекти.

146

Најмалку три лица загинаа, а 14 се повредени во текот на ноќта во руски напади врз два региона во Украина, соопштија украинските власти.

Во Полтава, во централниот дел на земјата, шефот на регионалната администрација Виталиј Дјакивнич објави на Телеграм дека во првиот напад загинале две лица, а 11 се повредени. Нападот предизвикал пожари и оштетувања на станбени згради и хотели.

 






Во Запорожје, шефот на регионалната администрација Иван Федоров соопшти дека бил извршен „масовен комбиниран напад“ со ракети и беспилотни летала.

– За жал, едно лице загина, а тројца се повредени – напиша Федоров.

 

Во меѓувреме, на Кримски Полуостров, кој е анектиран од Русија, гувернерот на Севастопол изјави дека две лица загинале, а осум се повредени во експлозија што предизвикала пожар во станбена зграда.

Поврзани содржини