ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА Обилни дождови, планински снег и силен ветер

1,558

Почнувајќи од 26 март од север кон јужна и југоисточна Европа ќе се спушти многу ладен воздух кој е невообичаен за овој период од годината. Токму ова ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до формирање на длабок циклонски систем  и истиот ќе го прошири неговото влијание над целиот Балкански Полуостров вклучувајќи ја и Македонија условувајќи обилни врнежи од дожд, снег, формирање на значителна снежна покривка, бурен ветер и нагло и големо заладување на времето.

Кај нас во Македонија в четврток кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок најпрвин во западните предели, а потоа во поголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и поројни и проследени со појава на ретки грмежи.






Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

 

Поврзани содржини