БИТОЛА ДОБИ СУПЕР МИЛИОНЕР Џекпот од 5,5 милиони денари за еден среќен играч на ВЛТ
Битолчанец освои СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ од 5,5 милиони денари на ВЛТ терминалите во Битола. Видеолотарија Касинос Австрија им честита на среќните добитници.
Битолчанецот Н.С. ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка – СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ, вреден 5.537.950 денари. Џекпотот беше освоен на 17.03.2026 година со играта „20 Супер Хот“, на видеолотариските терминали кај деловниот соработник „Евротип“ во Битола.
– Искрено му честитаме на нашиот добитник и му посакуваме многу среќа и во иднина. Среќата на нашите играчи е најголемата награда за нас, а овие големи добивки ја покажуваат возбудата и потенцијалот на нашите ВЛТ игри – изјавија од Видеолотарија Касинос Австрија.
Во периодот од 16 до 22 март 2026, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 13.083.707 денари на играчите на ВЛТ терминалите низ Македонија, и тоа:
1 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот – 5.537.950 денари
4 МИЛИОНЕР џекпот добивки – вкупно 5.916.670 денари
МИНИ џекпот добивки – 1.629.087 денари
Компанијата повеќе од една деценија работи успешно во согласност со сите законски регулативи и меѓународни стандарди. Минатата 2025 година беше година на рекорди, со многу среќни ВЛТ добитници – Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите импресивни 814.512.912 денари, односно повеќе од 13 милиони евра за џекпот добивки.