ЧОВЕК ОД СРПСКА ПИАР АГЕНЦИЈА ГИ ШТАНЦА СООПШТЕНИЈАТА НА СДСМ Заедно со Башановиќ го водат центарот за лаги и манипулации

Зоран Заев откако го договори Венко Филипче да биде лидер на СДСМ, му договори и кој да лаже за него, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

695

Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води пиар тимот на СДСМ и на Венко Филипче, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Венко Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милјан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДСМ. Станува збор за човек кој работи во српската пиарагенција „Ај медија“ ( Eye Media), а преку Башановиќ и Зоран Заев е понуден да работи за СДСМ. Екс советникот на Зоран Заев, Зоран Башановиќ и Милјан Счекич се сместени во скопскиот хотел Парк и оттаму го водат центарот за лаги и манипулации на СДСМ – рече Манасиевски.

 






Со ова се открива вистината за фалименто соопштенијата на СДСМ и многуте чести српски фрази и споредби во нивната комуникација, додаде тој.

– Зоран Заев откако го договори Венко Филипче да биде лидер на СДСМ, му договори и кој да лаже за него. Сега знаете кој е изворот на сите навреди, лаги и манипулации. Во следните денови на прес-конференции ќе ви стане јасно зошто СДСМ толку многу е опседнат со СНС и со Србија, и кој е Зоран Башановиќ, екс советникот во владата на Зоран Заев – рече Манасиевски.

 

Поврзани содржини