ДА ВЛОЖУВАМЕ ВО ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА ИСПОЛНЕТА СО МИР Мицкоски го честита големиот празник Рамазан бајрам

Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање, се вели во честитката од премиерот Христијан Мицкоски.

102

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски им го честита големиот празник Рамазан бајрам на сите верници од исламска вероисповед.

„Среќен Рамазан бајрам на сите верници од исламска вероисповед! Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот. Овој празник нè учи дека силата на едно општество се мери преку тоа колку сме подготвени да подадеме рака, да помогнеме и да покажеме разбирање“, се вели во честитката од премиерот Мицкоски, објавена на неговата страница на Фејсбук.






Како народ, се додава, отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг во најважните моменти. Токму затоа, денес повеќе од кога било, е потребно да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина исполнета со мир, стабилност и просперитет за сите граѓани.

„Нека радоста од Бајрам ги исполни вашите домови со топлина, љубов и со благосостојба. Да ги споделиме убавите моменти со семејството, пријателите и со сите оние на кои им е потребна поддршка и внимание. Со искрени желби за здравје, напредок и благодет“, се вели во честитката од премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини