ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС БИЛА СОРАБОТНИК НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА!? Се бара нејзино сослушување во Европскиот парламент

Сакаме Марта Кос да објасни зошто ги довела во заблуда членовите на Европскиот парламент за време на нејзиното сослушување во 2024 година – порачаа од Европската народна партија.

324

Европската народна партија (ЕНП) побара вонреден состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за да ја сослуша комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која за наводите за соработка со југословенските тајни служби од комунистичката ера.

Сослушувањето на словенечката политичарка и дипломат од кариера, Марта Кос би можело да се одржи уште следната недела и ќе се фокусира на наводите дека ги довела во заблуда европратениците за време на нејзините сослушувања во 2024 година и дека има судир на интереси во водењето на досието за проширување на Западен Балкан.






Потпретседателката на групата на ЕПП, Романа Томц, исто така од Словенија, го формулира ставот на политичката група во коментар за ЕУ-лајв:

– Сакаме Марта Кос да објасни зошто ги довела во заблуда членовите на Европскиот парламент за време на нејзиното сослушување во 2024 година. Постојат основани сомневања дека комесарката има судир на интереси поради нејзиното минато. Таа мора да одговори на голем број прашања за да го заштити сопствениот углед и угледот на Европската комисија.

Извори од ЕПП нагласуваат дека нема да биде дозволено понатамошно одложување, бидејќи случајот повеќе не е внатрешно политичко прашање за Словенија, туку влијае на довербата во европските институции.

Канцеларијата на Кос одби да коментира за претстојното сослушување, повторувајќи дека „сите релевантни прашања беа одговорени за време на постапката на именување“. Европската комисија, исто така, не даде официјален став, што ги зголемува критиките дека претседателката Урсула фон дер Лајен го брани сопствениот политички избор.

Пратениците од различни политички групи неофицијално признаа дека назначувањето било брзо извршено без темелна проверка на позадината на Кос пред 1991 година.

Архивските документи од Словенечката служба за државна безбедност од крајот на 1980-тите, објавени од истражувачот Игор Омерза во книгата „Комесарот“, содржат оперативни активности со кодните имиња „ТАРА“ и „БЛАНКА“, кои наводно се однесуваат на Кос и повторно ја ставија оваа тема во центарот на вниманието.

Материјалите опишуваат линија на работа поврзана со нејзиното назначување во Дојче Веле во Келн и последователните контакти со службите. Документите вклучуваат конкретни датуми, задачи и описи на активностите, што им дава дополнителна тежина на обвинувањата, кои Кос ги негира.

На македонската јавност Марта Кос и остана во сеќавање најмногу по изјавата дека никој не може да ни ги земе идентитетот „како што не може да ни го земе гравчето, ајварот, полнетите пиперки“, кои, според неа, биле дел од македонскиот идентитет.

Поврзани содржини