ПОЕВТИНО ГОРИВО ЗА 2 ДЕНАРА Повеќето пумпи ја намалија цената

Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за 2 денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

103

Од денеска на бензинските пумпи на ОКТА, Макпетрол, Пуцко Петрол и на Лукоил се точи гориво поевтино за 2 денара од максималната цена што ја определи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати, информираат од ОКТА.

Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за 2 денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.






Пред 5 дена, на 13 март, министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА ги намалува цените на дизелот и на бензините за 2 денара за трговците што набавуваат горива од компанијата, овозможувајќи им на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Пасхос тогаш рече дека останува на трговците самостојно да ги утврдат продажните цени, во согласност со своите комерцијални политики и со пазарните услови.

Со последните 2 корекции на цената на горивата во Македонија што ги изврши РКЕ, цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар.

Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, е војната на Блискиот Исток.

Поврзани содржини