📽️ БИЗАРНА БЛОКАДА СТАНА ВИРАЛНА Со патика го „залепи“ противникот за да не даде кош
Кошаркарот Алекс Карусо стана вирален хит откако во обид да спречи кош го блокира противникот со патика и заработи техничка грешка.
Комична сцена го одбележа НБА натпреварот меѓу Орландо Меџик и Оклахома Тандер. кој заврши со победа на гостите од 113-108.
Кошаркарот Алекс Карузо привлече големо внимание откако на необичен начин се обиде да спречи кош. Тој го изблокира противникот Тристан да Силва со патика.
Бизарниот потег предизвика смеа во салата, но судиите реагираа и му досудија техничка грешка на Карусо. Снимката од моментот брзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит меѓу навивачите.