ДОЦНА ЗИМА ВО ПОЛН СЈАЈ Заладување, ветер, дожд и снег во следните денови
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег.
Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Најстудено ќе биде во Берово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 1 степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална температура до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 4 степени наутро, до 13 степени преку денот.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо.
Во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од повисоките места ќе има услови врнежите да преминуваат во снег.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен, а од петок од северен правец.
