И ПОЛСКА ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ТРАМП Туск категоричен дека нема да испратат војска во Иран

Судирот во Иран не влијае директно на безбедноста на Полска, централен елемент на полската стратегија е обезбедување на Балтичкото Море, рече денеска полскиот премиер, Доналд Туск.

95

Полска нема да испрати трупи во Иран бидејќи судирот не влијае директно на нејзината безбедност, рече денеска премиерот на Полска, Доналд Туск.

– Владата на Полска не планира никаква експедиција во Иран и тоа не предизвикува никакви сомнежи кај нашите сојузници – посочи Туск.






Според него, централен елемент на полската стратегија е обезбедување на Балтичкото Море.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика сојузниците да помогнат во обезбедување на Ормускиот Теснец.  Освен Полска, и други американски сојузници – Германија, Шпанија и Италија – соопштија дека нема да испратат бродови за помош за отворање на теснецот, кој е блокиран од Иран.

Поврзани содржини