ИРАН СО ДИПЛОМАТСКИ ДРИБЛИНГ ПРЕД СП 2026 Бара натпреварите да ги игра во Мексико

Во преговори сме со ФИФА за домаќинство на натпреварите од Светското првенство во Мексико, изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, велејќи дека шефот на САД јасно ставил до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација во САД.

220

Иранската фудбалска федерација побара од ФИФА да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство 2026 од САД во Мексико. Причина е изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација.

– Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со ФИФА за домаќинство на натпреварите од Светското првенство во Мексико – изјави претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ.






Светското првенство 2026 ќе се одржи првпат во три држави. Домаќини се САД, Канада и Мексико. Турнирот ќе трае од 11 јуни до 19 јули.

Според првичниот распоред, сите три натпревари на Иран требаше да се играат во САД. Првиот дуел е планиран на 16 јуни во Инглвуд против Нов Зеланд. Вториот на 21 јуни, исто така во Инглвуд, против Белгија. Третиот е на 27 јуни во Сиетл против Египет.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека присуството на иранската репрезентација на турнирот е „несоодветно“ за нивната сопствена безбедност.

По таа изјава реагираше иранската влада. Министерот за спорт Ахмад Донјамали побара од ФИФА да ја преиспита одлуката САД да бидат домаќин на турнирот.

Сепак, од Азиската фудбалска конфедерација испратија помирлива порака.

Генералниот секретар Виндзор Џон изјави дека Иран и натаму планира да учествува на Светското првенство. Според него, разговорите со ФИФА продолжуваат.

Поврзани содржини