САД ДЕМАНТИРААТ ДЕКА НОСАЧОТ „АБРАХАМ ЛИНКОЛН“ Е ОНЕСПОСОБЕН Иран тврдеше дека е надвор од функција

Американските медиуми, исто така, објавуваат дека САД испраќаат дополнителни сили во регионот на Персискиот Залив, вклучувајќи ја и она што е познато како амфибиска напаѓачка група (ARG), со до 5.000 маринци и морнари.

462

Американската централна команда денеска демантираше дека носачот на авиони „Абрахам Линколн“ е „онеспособен“, како што тврдеше Исламската револуционерна гарда.

„Ударната група на носачите на авиони „Абрахам Линколн“ продолжува да одржува целосна доминација над иранскиот воздушен простор од поморскиот простор“, се наведува во соопштението од Командата на платформата „Х“.






САД на почетокот на конфликтот почнаа да го зајакнуваат своето воено присуство на Блискиот Исток, а покрај носачот „Линколн“, во регионот го стационираа и најголемиот носач на авиони на американската морнарица, „Џералд Форд“.

Американските медиуми, исто така, објавуваат дека САД испраќаат дополнителни сили во регионот на Персискиот Залив, вклучувајќи ја и она што е познато како амфибиска напаѓачка група (ARG), со до 5.000 маринци и морнари. Се очекува дека амфибискиот напаѓачки брод „Триполи“ ќе се придружи на постојната армија, објави Би-Би-Си.

Носачот на авион „Абрахам Линколн“, е стациониран во Средоземното Море, со можност да го користи Црвеното Море, затоа што, исто како и носачот „Џералд Форд“, мора да одржува растојание од најмалку 600 километри од иранскиот брег за да не биде на домен на иранските ракети.

На 12 март, изби пожар на носачот на авиони „Џералд Форд“ во просторијата за перење, при што двајца морнари беа повредени, но не беа во животна опасност. Пожарот не го оштети системот за погон, и бродот остана целосно оперативен.

Поврзани содржини