ПОЖАРОТ НА ЈАБЛАНИЦА Е ЛОКАЛИЗИРАН Армиските хеликоптери ја завршија работата со 16 прелети

Центарот за управување со кризи информира дека денеска горело на три места.

90

На територијата на државата денеска регистрирани се три пожари на отворено, меѓу кои и пожарот на планината Јабланица, кој е локализиран со помош на интервенција на армискиот хеликоптер, информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот на планината Јабланица е локализиран, а во неговото гаснење утрово интервенирал и хеликоптер на Армијата, кој изврши 16 прелети и исфрли 16 ведра вода, дејствувајќи околу три часа, а во гаснењето учествувале и ТППЕ Струга, како и 12 лица од ЈП „Национални шуми“ – Јабланица, Струга.






Во Битолски регион, пожарот во дабова шума на планината Бигла, кој избувна вчера во 12:30 часот во близина на манастирот „Св. Димитрија“ во село Смилево, Општина Демир Хисар, утрово е локализиран од страна на ПШС „Бигла“ – Демир Хисар.

На терен се ангажирани 5 вработени од ПШС „Бигла“ и 2 пожарникари од ТППЕ Демир Хисар.

Во Струмички регион, како што информираат од ЦУК, ТППЕ Гевгелија од 11:05 часот интервенира на запалена трска во поле во атарот на село Богородица, Општина Гевгелија. Во интервенцијата се ангажирани 2 пожарникари со 1 противпожарно возило.

Поврзани содржини