НЕСРЕЌА ВО ФАБРИКА ВО ОХРИД Работничка со тешки повреди итно префрлена во Скопје
Работничка од Охрид со тешки повреди прво била хоспитализирана во локална болница, а потоа итно префрлена во Скопје.
Четириесет и едногодишна жена од Охрид со тешки повреди завршила на лекување во Клинички центар Скопје откако била повредена на работното место во фабрика.
Според првичните информации, несреќата се случила во текот на ноќта, по што жената најпрво била пренесена во специјалната болница Св. Еразмо. Поради сериозноста на повредите, лекарите одлучиле таа итно да биде транспортирана во Скопје.
Случајот бил пријавен во СВР Охрид, а полицијата заедно со трудовата инспекција презема мерки за да се утврдат околностите под кои настанала несреќата.