ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ Автобус се судри со „форд фиеста“, возачот на возилото побегна

Четиригодишно дете е тешко повредено во сообраќајка на крстосницата Питу Гули – Кочо Рацин – Мисирков, откако автобус се судри со патничко возило чиј возач го напушти местото.

101

Четиригодишно дете од Скопје се здоби со тешки повреди откако автобус се судри со патничко возило на крстосницата од булеварите Кузман Јосифовски Питу и Кочо Рацин и улицата Крсте Мисирков. Инцидентот се случи на вчера околу 09:25 часот.

Возачот на патничкото возило „форд фиеста“ по судирот го напуштил местото на несреќата, додека автобусот со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од село Волково, се обидел да го задржи контролата.






Четиригодишното дете, кое било патник во автобусот, веднаш било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му беше укажана итна медицинска помош.

Од СВР Скопје потврдуваат дека извршиле увид на местото на несреќата и преземаат мерки за пронаоѓање на возачот кој го напуштил местото, како и за расчистување на случајот.

Поврзани содржини