Во пожар на паркинг просторот пред зграда на булеварот Видое Смилевски Бато во Општина Аеродром синоќа опожарени се три возила.
Пожарот, како што информира МВР, е пријавен денеска во 00:13 часот во СВР Скопје, и е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.
– Пријавено е дека на паркинг просторот пред зграда на булеварот Видое Смилевски Бато настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од селото Долно Лисиче, Скопско – информираат од МВР.