ИСТОРИСКИ НАЈГОЛЕМО НАРУШУВАЊЕ НА СНАБДУВАЊЕТО СО НАФТА Месецов се очекува кусок на пазарот од 8 милиони барели дневно

Земјите од Заливот, со ограничени алтернативи за извоз и полни резервоари, го намалија вкупното производство за најмалку 10 милиони барели дневно.

174

Војната на Блискиот Исток предизвика најголемо нарушување на снабдувањето со нафта во историјата на глобалниот пазар, предупреди Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Во својот последен месечен извештај за пазарот на нафта, ИЕА наведува дека конфликтот во регионот веќе сериозно влијае на глобалните снабдувања со енергија.






Земјите од Заливот, со ограничени алтернативи за извоз и полни резервоари, го намалија вкупното производство за најмалку 10 милиони барели дневно.

Агенцијата предупредува дека загубите во снабдувањето ќе се зголемат доколку протокот на испорака не се обнови брзо.

Енергетската агенција предвидува дека глобалното снабдување со нафта ќе се намали за 8 милиони барели дневно овој месец, при што намалувањата на производството во регионот делумно ќе бидат компензирани со поголемо производство во други земји.

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, повеќето од седумте земји од Заливот – Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Катар, Бахреин и Иран – значително го намалија производството поради нивната зависност од Ормутскиот теснец.

Поврзани содржини