EДИНСТВЕНИОТ НАЧИН Е ДА ПЛАТИТЕ РЕПАРАЦИИ Иранскиот претседател ги откри условите за крај
Иранскиот претседател ги изнесе условите за крај на војната со САД и со Израел. Бара признавање на правата на Иран, исплата на репарации и гаранции дека нема да има нова агресија.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран.
„Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија“, напиша Пезешкијан на Икс.
Иранскиот претседател додаде дека за време на разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдил посветеноста на Иран за мир во регионот.
