ПРЕЖИВЕАНИТЕ БЕГАА ВО ТУНЕЛИ ИСТО КАКО ХАМАС Израелски министер вели дека војната ќе трае „колку што треба“

Преживеаното иранско раководство бегаше како глувци во тунелите, исто како раководството на Хамас во Појасот Газа, изјави министерот за одбрана на Израел споредувајќи ја војната со конфилктот на Израел против Хамас во Газа. Бени Кац вели дека Израел ќе војува сè додека не ги постигне сите цели.

320

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека војната против Иран нема временска рамка.

– Оваа операција ќе продолжи без временско ограничување сè додека не ги постигнеме сите цели и битката не биде решена – рече Кац на состанок со раководството на израелската армија во воениот штаб во Тел Авив.






Министерот оцени дека Израел веќе постигнал значајни резултати во воените дејствија. Тој посочи дека операциите се изведуваат со силна поддршка и координација со Соединетите Американски Држави.

Бегство во тунели, остри зборови од Тел Авив

Кац тврди дека дел од иранското раководство се крие под земја. Тој ја спореди ситуацијата со раководството на Хамас во Појасот Газа.

– Преживеаното иранско раководство бегаше како глувци во тунелите, исто како раководството на Хамас во Појасот Газа – изјави Кац.

Министерот изнесе и тврдења за големи загуби во иранските безбедносни структури. Според неговите зборови, илјадници припадници на Револуционерната гарда и милицијата Басиџ загинале во судирите.

Повик за бунт против режимот

Кац упати и политичка порака кон иранското општество. Тој рече дека израелските напади треба да создадат услови за внатрешен отпор.

– Иранското раководство е група кукавици кои ги заплашуваат жените, децата и старите лица на улиците, специјализирани за масакри и убивање цивили – рече министерот.

Министерот додаде дека продолжувањето на нападите може да го охрабри иранскиот народ да се побуни. Целта, според него, е пад на актуелниот режим во Техеран.

Поврзани содржини