КУТРАТА ХАЛИ, ТАА ПОВТОРНО НЕМА СРЕЌА ВО ЉУБОВТА! Оскаровката објасни зошто 10 години избегнувала интервјуа
- По мојот трет развод, луѓето почнаа да велат: „Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“... - вели оскаровката Хали Бери објаснувајќи зошто цели 10 години не давала интервјуа
Холивудската глумица Хали Бери проговори за својот однос со медиумите и причините поради кои избегнувала интервјуа речиси 10 години. Таа појасни дека медиумскиот притисок станал особено интензивен по нејзиниот трет развод, па јавноста сè повеќе коментирала за нејзиниот љубовен живот, а не за нејзината актерска кариера.
– По мојот трет развод, луѓето почнаа да велат: „Што не е во ред со неа? Таа е луда. Не може да задржи маж“… Практично престанав да давам интервјуа пред 10 години затоа што ми здодеа истата стара приказна. Секогаш некој ќе речеше: „Кутрата Хали, таа повторно нема среќа во љубовта“ – вели оскаровката за „Кат“ (The Cut).
Годинава таа е актуелна со криминалистичкиот трилер „Злосторство 101“ (Crime 101), каде што глуми заедно со Крис Хемсворт и Марк Рафало.