ТВРДЕЛ ДЕКА ИМАЛ СООБРАЌАЈКА, ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КУРШУМ Албанец со прострелна рана заврши во болница

25-годишен државјанин на Албанија бил донесен во болница во Скопје со повреди, но лекарите утврдиле дека станува збор за прострелна рана, иако тој првично тврдел дека се повредил во сообраќајна несреќа.

329

25-годишен државјанин на Албанија завршил во болница во Скопје со прострелна рана, иако првично тврдел дека се повредил во сообраќајна несреќа.

Младиот маж бил донесен во Општа градска болница „Св. Наум Охридски“, каде што лекарите при прегледот утврдиле дека станува збор за прострелна рана.






Според информациите од полицијата, тој на почетокот пријавил дека се повредил во сообраќајна несреќа што се случила неколку дена претходно.

Сепак, по дополнителните медицински прегледи, било констатирано дека повредата е предизвикана од огнено оружје.

Случајот бил пријавен во полицијата, а од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Поврзани содржини