СУДИЈАТА НЕНАД САВЕСКИ Е ПРЕДЛОЖЕН ЗА НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ Предлогот на Владата треба да биде изгласан во Собранието

За изборот на државниот обвинител е потребно обично мнозинство од 61 глас во Собранието. 

1,821

Владата денеска го изгласа предлогот нов државен јавен обвинител да биде Ненад Савески, судија во Кривичниот суд Скопје.

Се очекува одлуката официјално да ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева, на прес-конференција.






Савески е роден во 1976 година, живее во Гостивар, оженет, татко на 3 деца.

Тој е магистер по правни науки – казнено право, магистрирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, при УКИМ Скопје, каде ги завршил и студиите. Правосудниот испит го положил во 2003 година. Средното образование го завршил во гимназијата „Панче Попоски“ во Гостивар.

Савески од 2016 година е судија во Основен кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција.

Претходно, од 2009 до 2016 година работел како јавен обвинител во Основно јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година бил стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Во тој суд од 2000 до 2002 година работел како судски приправник.

Од експертските и меѓународните ангажмани во биографијата на судијата Савески е наведено дека бил експерт во ОБСЕ Македонија, експерт во Национална конвенција за ЕУ – Поглавје 23, како и експерт во проекти на Совет на Европа, ОБСЕ и на УСАИД.

Член е на работни групи за судски и законски реформи. Работел на проекти за посебни истражни мерки, притвор и за кривична постапка.

Од академската кариера, Савески е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, национален тутор и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и обучувач за човекови права и за кривично право.

Тој е автор и коавтор на трудови за: посебни истражни мерки, слобода на изразување, клевета и навреда, конфискација на имот, право на приватност, како и на повеќе водичи и стручни публикации.

Зборува македонски, англиски, германски, српски и основен албански јазик.

Предлогот на Владата треба да бизе изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител е потебно обично мнозинство од 61 глас.

Владата одлучуваше меѓу тројца кандидати, освен Савески, во изборот беа и Анита Тополова Исајловска, која моментно е в.д државен јавен обвинител и обвинителката Лидија Раичевиќ.

На конкурсот што го распиша Собранието се јавија петмина кандидати. При оценката на кандидатурите Советот на јавни обвинители го дисквалифкуваше поранешниот судија Владимир Панчевски. Минатиот месец премиерот Мицкоски рече дека од четирите кандидати за кои Советот на јавни обвинители даде позитивни мислење, на владината листа се три имиња, а меѓу нив не е и бившата обвинителка од Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска.

Изборот на државен јавен обвинител следува откако во декември 2025 година Љупчо Коцевски даде оставка од функцијата, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за неговото разрешување.

Поврзани содржини