И СО ПОСЛЕДНОТО ПОСКАПУВАЊЕ ИМАМЕ ЕДНА ОД НАЈНИСКИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ВО РЕГИОНОТ Во Европа најскапо гориво има Германија

По растот на цената на нафтата во светот, бензините во државава поскапеа за 5 денари по литар, а дизелот за 14,5  денари по литар, со што новата малопродажна цена на „еуросупер БС - 95“ е 79,5 денари за литар ( 1,28 евра),  а на дизелот  „еуродизел“ 85,5 денари за литар (1,38  евра). 

109

Цените на горивата во државава од денеска се повисоки, но и натаму се меѓу најниските споредено со тие во соседните и државите од поширокиот европски регион, со исклучок  на Босна и Херцеговина и Турција, покажува споредбата  на податоците за цените на горивата од сајтот Fuelo.eu. 

По растот на цената на нафтата во светот, бензините во државава поскапеа за 5 денари по литар, а дизелот за 14,5  денари по литар, со што новата малопродажна цена на „еуросупер БС – 95“ е 79,5 денари за литар (1,28 евра),  а на дизелот  „еуродизел“ 85,5 денари за литар (1,38 евра).






Според Fuelo.eu, на кој има преглед на цените на горивата во евра,  од државите во регионот, во однос на тие кај нас, повисоки се цените во Бугарија, каде литар бензин 95 се продава за 1,34 евра, а дизел 1,44 евра, во Србија бензинот е 1,52 евра за литар, а дизелот 1,68 евра, во Грција, бензинот е 1,81 евра, а дизелот 1,69 евра, во Хрватска бензинот 1,51 евра, а дизелот 1,55 евра.

Пониска е цената на бензинот во Босна и Херцеговина каде што литар се продава за 1,18 евра, додека таа на дизелот е повисока и изнесува 1,43 евра. Поевтини горива има и Турција каде литар бензин 95 чини 1,09 евра, а литар дизел 1,26 евра.

Во останатите европски држави  цените на горивата се повисоки. Во Словенија цената на бензинот 95 е 1,45 евра, а на дизелот 1,50 евра, во Австрија бензинот е 1,66 евра, а дизелот 1,75 евра, во Белгија бензинот е 1,60  евра, а дизелот  1,73 евра, во Германија бензинот е 2,07 евра, а дизелот 2,13 евра, во Шпанија бензинот е 1,65 евра, а дизелот 1,74 евра, во Франција бензинот е 1,87, а дизелот 1,96 евра, во Унгарија  бензинот е 1,45 евра, а дизелот 1,50 евра, во Италија бензинот е 1,87 евра,  а дизелот 2,07….

Премиерот Христијан Мицкоски викендот порача дека во државава има доволно нафта и нафтени деривати и оти граѓаните треба да бидат спокојни, најавувајќи дека Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената.

– Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заеднички беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсолутно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните –  изјави Мицкоски.

Поврзани содржини