ГИ ПОТОПИВМЕ СИТЕ БРОДОВИ, ГИ НОКАУТИРАВМЕ СИТЕ АВИОНИ Трамп се пофали, Иран се закани со напади врз рафинерии

Додека американскиот претседател тврди дека на Иран не му преостанува никаква одбрана и дека се уништени иранската морнарица и авијација, Техеран се закани со напади врз нафтени постројки во соседството доколку продолжат нападите од Израел.

5,231

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска ја уништила иранската морнарица и воздухопловните сили.

Во изјава за Еј-Би-Си, Трамп рече дека е потопена „целата иранска морнарица“ односно 44 ирански бродови. Тој тврди дека е уништена и авијацијата и противвоздушната одбрана на Иран.






– Ги нокаутиравме сите нивни воздухопловни сили… Нивните противвоздушни системи се исчезнати. Тие немаат апсолутно никаква одбрана – рече Трамп.

Иранската армија денеска се закани дека ќе нападне нафтени постројки во регионот ако Израел продолжи со нападите врз енергетската инфраструктура на Исламската Република.

„Владите на исламските земји мора што поскоро да ја предупредат криминалната Америка и дивјачкиот ционистички режим против ваквите кукавички и нечовечки постапки. Во спротивно, ќе бидат преземени мерки во регионот. И ако можете да си дозволите нафта по цена од над 200 долари за барел – продолжете со оваа игра“, соопшти Централниот штаб на Хатам ал-Анбија, поврзан со Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Поврзани содржини