ПО 10 ГОДИНИ ЉУБОВ И ДВЕ ДЕЦА, СЀ СЕ РАСПАДНА Лука Дончиќ и неговата свршеница ја раскинаа свршувачката?

Иако Лука Дончиќ игра фантастична сезона во НБА, гласините за крај на неговата долгогодишна врска со Анамарија Голтеш стануваат сè погласни по необичните потези на социјалните мрежи.

574

Словенечката кошаркарска суперѕвезда Лука Дончиќ игра фантастична сезона во NBA, но додека блеска на теренот, се погласни се шпекулациите дека неговиот приватен живот минува низ тежок период.

Според медиумските извештаи и реакциите на социјалните мрежи, врската меѓу Дончиќ и неговата долгогодишна партнерка Анамарија Голтеш можеби е завршена.






Двајцата важат за еден од најдолгите и најстабилните парови во светот на спортот. Тие се запознале кога имале само 12 години, а неколку години подоцна започнале романтична врска. Официјално се заедно од 2016 година.

По повеќе од една деценија љубов, гласините за раскинување почнаа да се шират откако Анамарија неодамна ги избриша сите фотографии со Дончиќ од својот профил на Интаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luka Doncic (@lukadoncic)

Интересно е што ова се случува само два месеци откако двојката ја доби својата втора ќерка, Оливија. Тие веќе се родители на уште една ќерка, Габриела, која се роди пред две години.

Дополнителни сомнежи се појавија и по една нејзина објава на социјалните мрежи од февруари. Кога следбениците ја прашале каква музика сака да слуша, таа кратко одговорила: „Комплицирано е“, што многумина го протолкуваа како индиректна порака.

Во меѓувреме, и самиот Дончиќ ги отстранил фотографиите од моментот кога ја запроси Анамарија, што дополнително ги засили шпекулациите дека нивната врска можеби е во криза.

Додека приватниот живот му е под лупа на јавноста, Дончиќ продолжува да доминира на паркетот. Словенецот е главната ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс оваа сезона и го води тимот кон пласман во плејофот. Лејкерси во моментов се на шестото место во Западната конференција со учинок од 37 победи и 25 порази.

Поврзани содржини