АКО ГИ ЗАБЕЛЕЖИМЕ СИГУРНО ЌЕ ГИ ПОГОДИМЕ Иран објави кои бродови не смеат да минуваат низ Ормутскиот теснец

Ормускиот теснец е практично затворен откако САД и Израел започнаа заедничка воена операција против Иран во саботата.

748

Иранската револуционерна гарда објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните морски премини во светот, е затворен за бродови од САД, Израел, европските земји и другите западни сојузници.

Во соопштението објавено од иранската државна телевизија IRIB, се наведува дека Иран има право да го контролира преминот низ теснецот во воени услови.






„Веќе рековме дека, врз основа на меѓународните закони и резолуции, Исламската Република Иран ќе има право да го контролира преминот низ Ормускиот теснец во време на војна“, соопшти Иранската револуционерна гарда.

Според Гардата бродовите што им припаѓаат на САД, Израел, европските земји и нивните сојузници ќе бидат цел на нападот.

„Ако ги забележиме, сигурно ќе бидат погодени“, предупреди ИРГК.

Ормускиот теснец е практично затворен откако САД и Израел започнаа заедничка воена операција против Иран во саботата.

Поради ова, цените на нафтата нагло пораснаа, а аналитичарите предупредуваат дека прекините во сообраќајот низ теснецот би можеле сериозно да ја потресат глобалната економија.

Поврзани содржини