ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС ОБЈАВИ СЕЛФИ ВО ГРАДНИК Горда на Меги Гиленхал за филмот „Невестата“, актерката ја покажа долната облека

Не знаев како поинаку да ја покажам мојата поддршка, па ова е најдоброто што можев да го смислам додека се возам низ Њујорк. Толку сум горда на неа, напиша Џејми Ли Кертис во објавата која е нејзин начин на поддршка за новиот филм на Меги Гиленхал

119

Џејми Ли Кертис објави прилично смела фотографија на Инстаграм на која позира во градник од чипка, но причината не е провокација, туку поддршка. Актерката одлучи со ова да го промовира новиот филм на нејзиното кумче, Меги Гиленхал, „Невестата!“.

Кертис е близок пријател на семејството Гиленхал, а Меги и нејзиниот брат Џејк се нејзини кумчиња.






Во објавата, таа детално објасни зошто ја покажа долната облека што Меги ѝ ја испратила како дел од нејзината соработка со Victoria’s Secret, пренесува LADbible.

– Моето кумче @mgyllenhaal го сними @thebridemovie – смел, смел, панк, феминистички, оперски филм и ми испрати долна облека од нејзиното партнерство со @victoriassecret. Денес ја носев за да ја поддржам неа и нејзиниот филм, но и моите атрибути. Не знаев како поинаку да ја покажам мојата поддршка, па ова е најдоброто што можев да го смислам додека се возам низ Њујорк. Толку сум горда на неа – напиша таа во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Инаку, станува збор за адаптација на романот „Франкенштајн“.

Филмот „Невестата!“ излегува во кината на 6 март оваа година, а е во режија на Меги Гиленхал.

Во актерската екипа се Џејк Гиленхал, Кристијан Бејл, Џеси Бакли, Питер Сарсгард и Анет Бенинг. Тоа е адаптација на романот „Франкенштајн“ од 1818 година, во кој научничката д-р Ефрониус оживува убиена млада жена за да стане придружничка на суштеството на Франкенштајн.

Кертис моментално е во Њујорк каде што ја промовира и својата серија „Скарпета“ (Scarpetta) со Никол Кидман, која излегува на 11 март.

Поврзани содржини