ПОЧИНА СЕСТРАТА НА ЏЕЈМИ ЛИ КЕРТИС Во текот на својата кариера Кели Ли Кертис оствари голем број улоги

Џејми Ли Кертис објави дека нејзината постара сестра Кели Ли Кертис починала на 69-годишна возраст.

2

Џејми Ли Кертис ја објави тажната вест дека нејзината постара сестра Кели, исто така актерка, починала. Имаше 69 години, а причината за смртта сè уште не е објавена.

Кели Ли Кертис потекнува од едно од најпознатите холивудски семејства. Таа беше ќерка на актерските легенди Џенет Ли и Тони Кертис, а во текот на нејзината кариера оствари голем број телевизиски и филмски улоги. Публиката најдобро ја памети по хорор филмот „The Devil’s Daughter“ од 1991 година и по нејзините појавувања во сериите „The Sentinel“ и „The Equalizer“. Самата Џејми се збогува со својата сестра во емотивна изјава.






– Топло алоха до мојата постара сестра, Кели Ли Кертис. Почина утрово. Во својот дом. Во природа. Во мир – напиша таа.

Исто така, се потсети на многуте спомени што ги споделуваале во текот на нивните животи.

– Таа беше моја прва пријателка и доверлива личност за цел живот. Беше исклучително убава и талентирана актерка. Играше карти брилијантно, собираше желки, го сакаше своето семејство, природата, музиката, пазарувањето во продавници од втора рака, патувањата, Фејсбук и Покемон Го. Беше горда на своите дански корени и унгарско-еврејско потекло и беше посветен американски патриот – додаде Џејми. Таа продолжи да опишува по што нејзините најблиски најмногу ќе ја паметат.

– Ќе ја паметиме по нејзината љубезност и великодушност, цврстите ставови, нејзината бескрајна љубопитност, нејзиниот уникатен стил и нејзините божиќни колачиња во форма на полумесечина со бадеми и шеќер во прав, поради што го доби прекарот Тета Куки. Кели ја завршуваше секоја порака или поздрав со унгарски благослов: Истен Велед, Бог да биде со тебе. Истен Велед до мојата сестра на сонцето и месечината, мојата Таи. Се гледаме подоцна.

Инаку, откако Кели се повлече од актерската кариера кон крајот на 1990-тите, продолжи да работи во филмската индустрија, како асистентка на нејзината сестра во филмовите „Freaky Friday“, „Christmas with the Kranks“ и „You Again“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

Џејми објави и серија фотографии од неа и сестра ѝ снимени во 1984 година, вечерта пред венчавката на Џејми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Lee Curtis (@jamieleecurtis)

 

 

 

 

Поврзани содржини