ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УДАРОТ ОД РАСТОТ НА ГЛОБАЛНИТЕ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ Ристески не очекува раст на инфлацијата поради конфликтот на Блискиот Исток

Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот, ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата. 

85

Нема потреба од паника, ќе следуваат мерки за што помал удар од зголемувањето на цената на енергенсите во формулирањето на цените на другите производи, вели заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по очекувањата дека конфликтот на Блискиот Исток ќе влијание на македонската економија.

Ристески во интервју за МИА денеска истакна дека Министерството за економија и труд и Владата будно ја следат состојбата, a доколку не се прошири конфликтот, ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата.






– Воениот конфликт во Иран навистина прави тектонски потрес во економијата во светски размери бидејќи Иран е еден од главните играчи во производството и дистрибуција на нафта во светот. Ние сме мала увозно зависна држава, особено увозно зависна од разни енергенти, нафта. Сметаме дека можеби ќе има некое влијание сето ова, меѓутоа да оставиме како ќе се одвиваат понатаму процесите во врска со воениот конфликт, сметајќи дека бргу ќе биде завршен. Доколку не, тогаш она што ќе биде како светска политика во надминувањето на оваа криза, ќе треба и ние да го прифатиме со одредено адаптирање на нашата економија со цел да имаме помал удар врз зголемувањето на енергенсите во формулирањето на цените на производите – домашните производи, увозните производи, оние што ги извезуваме од Македонија – вели Ристески.

За идните влијанија од конфликтот врз македонската економија, како што рече, се разговарало и на вчерашната седница на Советот за безбедност и најавува дека на јавноста навремено ќе ѝ бидат соопштени идните чекори.

– Засега би упатил смирување до граѓаните – нема потреба од одредена паника. Ќе гледаме преку разни мерки понатаму, кои ќе следуваат, да се регулира цената на енергенсите, која е еден од главните инпути во составувањето на цената на производите, со цел да не се создаде поголема инфлација, раст на цени и поткопување на животниот стандард на граѓаните и нивната куповна моќ. Како Министерство за економија и труд, исто така и Владата, будно ја следиме состојбата и јавноста навреме ќе биде известена за сите мерки што ќе ги преземеме – рече Ристовски.

Во вакви ситуации укажува дека поранливи се секако покревките економии, како што е нашата, и вели дека Министерството за економија и труд, и покрај конфликтот со Иран, прави максимални напори цените во маркетите и на пазарите да останат стабилни, особено на основните производи за живот на граѓаните.

– Преку редовните контроли на Државниот пазарен инспекторат, преку влијанието на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која исто така ревносно работи на сузбивањето нефер трговци, кои беа предвидени во Законот за забрана на нефер трговските практики, преку зголемена транспарентност на цените на маркетите и другите владини политики, како што се поголемите инвестиции, подобрување на економската состојба, постепено зголемување на платите на граѓаните, очекуваме да имаме стабилизирачка година- нели Ристески.

Тој додава нека инфлацијата треба да се доведе на минимално ниво, од 2,5 до 3 %.

-Тоа е  е предвидувањето и на Народната банка и на Владата и мислам дека сме на добар пат и последниот месец имаме благо намалување на инфлацијата од 0,7%. Се надевам дека во наредниот период ќе биде задржан трендот на намалување на инфлацијата доколку не се прошири воениот конфликт, каде што не можеме да влијаеме, и оти оваа граница на европска висина на стандард, на инфлацијата, бидејќи блага инфлација значи и развој на државата од 2,5 до 3%, што е и економски оправдано, ќе гледаме да ја задржиме во наредниот период и со тоа да го заштитиме животниот стандард на граѓаните, нормално – вели заменик-министерот за економија во интервјуто за МИА.

Поврзани содржини