СКОПЈАНЕЦ ИЗБОДЕН СО НОЖ ВО СТРУГА Полицијата го бара непознатиот сторител, повредениот заврши во болница

Во Струга 46-годишен маж од Скопје бил нападнат на улица „Скопска“ со остар предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

262

46-годишен маж од Скопје, (Б.Е.) вчера бил нападнат од непознат сторител на улицата Скопска во Струга. Според првичните информации, насилникот најнапред употребил физичка сила, а потоа го повредил со остар предмет.

Жртвата веднаш била пренесена за медицинска помош, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификување на напаѓачот.






Откако ќе заврши истрагата, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани содржини