СТРАНСКА СЛУЖБА ЛАНИ ЈА ИЗВЕСТИЛА АНБ ДЕКА НА ГРУБИ МУ СЕ ЗАКАНУВА ЛИКВИДАЦИЈА Обвинителството со тоа ја оправдува одлуката за куќен притвор за поранешниот вицепремиер
Според информации од истрагата, на Груби му се заканувала ликвидација од човек со криминален бекграунд, а АНБ оваа информација ја добило од надворешна служба пред повеќе од година, по што ја испратило до МВР, а тие по службен пат до ЈО.
Три службени белешки кои по автоматизам од МВР стигнале до Јавното обвинителство се клучните аргументи за обвинителот Даниел Коцев да побара куќен притвор за екс вицепремиерот Артан Груби. Обвинителството оваа одлука ја образложи со тоа дека безбедноста на Груби ќе биде загрозена во притвор.
Според неофицијалните информации на ТВ 24 од истрагата, на Груби му се заканувала ликвидација од човек со криминален бекграунд, а АНБ оваа информација ја добило од надворешна служба пред повеќе од година, по што ја испратило до МВР, а тие по службен пат до ЈО.
– Пред повеќе од една година до АНБ се обрати разузнавачка служба од соседството со податоци кои ги пресретнале дека на Артан Груби му се заканува опаснсот по живот и ликвидација од лице со криминално минато и познато во криминалните кругови – рекол за ТВ 24 извор од истрагата.
Според него Груби по таа дојава добил полициско обезбедување, кое го користел до бегството од Македонија пред 14 месеци. Во меѓувреме МВР споделиле и други информации до ЈО, кои до нив стигнале како сознанија од институциите кои, а според кои покажале дека поранешниот вицепремиер од ДУИ и најблизок човек на Али Ахмети не е безбеден. Според истите извори едната информација стасала по неговото бегство. Нема детали кои други опасности го демнеле Груби.
Извори на медиумот и од АНБ и од МВР тврат дека безедносната проценка на која се повикуа Ообвинителството како основ за одлуката за куќен притовр не е направена по враќањето на Груби. Тој беше уапсен на преминот Блаце и беше пренесен во притворот во Шутка каде се задржа само неколу часа.
Официјално од АНБ не сакаат да коемнтираат, а од МВР индиректно ги потврдуваат информациите и порачуваат дека полицијата не направила каква било проценка каде Груби би бил побезбеен или понебезбеден.
– Министерството за внатрешни работи, согласно своите законските надлежности ги сподели со Јавното обвинителство сите информации и сознанија со кои располагаше, а кои се однесуваат на конкретното лице, вклучително и информациите од Агенцијата за национална безбедност. Во понатамошната постапка, одлуките за барање и определување на мерките ги носат исклучиво надлежното обвинителство и на судот – велат од МВР.
Директорот на затворот Бобан Утковски, пак, изјави дека ниедна инститција не побарала ниту направила безбеднсона контрола.