ЈА ВЛЕЧЕЛЕ, ЈА ТУРКАЛЕ И Ѝ ГО СКРШИЛЕ ЗГЛОБОТ НА НОГАТА За таткото и за двете ќерки ќе има мерки на претпазливост за време на постапката?

0

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, тројцата се пријавени дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и ѝ се заканувале. Кога ја турнале на земја оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.






По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Поврзани содржини